Кој е човекот кој вечерва почина на Ургентен во Скопје и поради кој беше демолирана болницата

По демолирањето на Ургентниот центар на ГОБ 8-ми септември, откако 40-тина лица ја искршија влезната врата и инвентарот во собата за реанимација по смртта на нивни роднина, од болницата доцна вечерта стапиле во контакт со семејството на починатиот. Се договориле да отидат и да ги потпишат неопходните формулари дека не сакаат обдукција. Инаку, веднаш по констатирањето на смрт од страна на дежурните лекари кои 50 минути се обидувале да го реанимираат, толпата го земала телото и заминале од установата во непознат правец. Случајот беше пријавен во полиција и екипи на МВР вечерва беа на увид во болницата, пишува порталот Здравство24

Директорот на ГОБ 8-ми септември вели дека тие постојано се на удар од вербални и физички закани, но вечерашниот бил нешто што досега не го доживеале.

Инцидентот се случил околу 19 часот. Дежурните во Ургентен добиле повик од Брза Помош дека носат пациент од Бит пазар кој е во безживотна состојба и на кој и во возилото му правеле реанимација. Лекарите во Ургентен веднаш го внеле во собата за реанимација каде се обидувале педесетина минути да го вратат во живот, но безуспешно. Кога тоа го слушнале роднините и пријателите, почнале со насилното однесување.

Кој бил човекот што починал и како се случило наеднаш да се појави толпа од 40тина лица од Болницата засега не откриваат. Она што се знае е дека пациентот е донесен од Бит пазар

 
 
04.11.2016 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега