Демолиран Ургентниот центар Скопје, 30 лица кршеле сè пред себе!

Искршена влезна врата и внатрешни простории во Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“. Ова е епилогот од „дивеењето“ кое се случило во оваа установа, откако поголема група на лица кршеле се пред себе.

Причина за ваквите настани била смртта на член од семејството кој починал во болницата. Од МВР потврдуваат дека е пријавен ваков случај, односно дека околу деветнаесет часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реаинимираат, но по неуспешните обиди лицето починало.

Групата од триесетина луѓе, која дошла заедно со семејството, по констатираната смрт на лицето, почнала да крши низ болницата и го зела со себе телото на починатиот.

Извори од болницата велат дека медицинскиот персонал бил преплашен а интервенирало и обезбедувањето на 8-ми Септември. Неофицијално, некој од лицата се заканувал и со оружје. За среќа никој не бил повреден.

 
 
04.11.2016 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега