Страшна сообраќајка во Македонија: Удрил во бетонска ограда па се превртел

Околу 12 часот на автопатот „Александар Македонски“, во близина на рафинеријата „ОКТА“, се случила сообраќајна незгода. Според податоците од МВР, Х.К. од  Грција, управувајќи возило „Ланд Ровер“ со германски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во бетонските огради поставени на коловозната лента и се превртел неколку пати, по што застанал.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила неговата 31-годишна сопатничка Л.Ј.М. од Берлин, како и самиот возач.

 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 
 
04.11.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега