Жена од Свети Николе пријавила дека нејзиниот сопруг се самоубил со три куршуми

Жена од Свети Николе пријавила дека нејзиниот сопруг се самоубил со три куршуми. Драма во светиниколското село Богословец. 68 годишната Л.К. пријавила во полицијата дека околу 17:30 часот во дневната соба го пронашла мртов својот 78 годишен сопруг Ф.К. Кога полицијата дошла на увид, покрај неговото тело пронашла пиштол. Полицијата и јавен обвинител извршиле разговор со Л.К и нејзината мајка 89 годишната М.С. Тиизјавиле дека околу 15.30 часот помеѓу Ф.К. (кој бил во алкохолизирана состојба) и Л.К., поради нарушени брачни односи, настанала расправија при што Ф.К. ја влечел за коса, а таа го удрила со дрво за огрев во пределот на главата. Според нивните изјави, Ф.К. почнал да им се заканува дека ќе ги убие и двете, по што тие, исплашени, излегле од куќата и отишле во помошниот објект. По извесно време слушнале еден истрел од огнено оружје и Л.К. и М.С. се вратиле во куќата, каде го затекнале Ф.К. застрелан во главата. Но Јавниот обвинител при увидот забележал дека на местото на настанот има три чаури по што случајот му станал сомнителен и ги привел 68 годишната Л.К и нејзината 89 годишна мајка. Полицијата се уште работи на комплетно расветлување на случајот.

 
 
04.11.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега