Крвава ноќ во Штип: Му забила на сопругот нож во челото

Крвава семејна драма се одвивала синоќа во два часот по полноќ во Штип. Според податоците од македонското МВР, на улицата Косовска, настанала расправија меѓу 41-годишниот Е.Д. и неговата невенчана сопруга.

Според податоците, 45-годишната Џ.С. се разбеснила, земала кујнски нож и го фрлила кон невенчаниот сопруг, а тој му се забил и останал во челото.

Мажот со ножот на чело бил пренесен во Клинички центар Штип, каде што со хирушка интервенција му бил изваден. За среќа сега се наоѓа надвор од животна опасност.

Џ.С. била приведена и задржана во Полицијата во Штип, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 
 
04.11.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега