Груевски: Отвoрањето на „Леар“ е многу значајна работа за полошкиот регион

 

Одлична вест за Тетово и целиот полошки регион и добра вест за целокупната македонска економија, ќе се отвори Леар и тоа ќе придонесе нови 2000 работни места, пишува на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

-До сега веќе 500 луѓе работат, за два месеци од сега ќе работат 800, а вкупно е планирано да стигнат до најмалку 2000 вработувања. Значи, 2000 нови работни места за овој регион, и тоа само директни, плус индиректните. Тоа е сериозен инпут во намалувањето на невработеноста за овој полошки регион, соопшти Груевски. 

Исто така лидерот на ВМРО- ДПМНЕ потенцира дека   долго време се работело на донесувањето на оваа компанија во Македонија. На оваа инвестиција работел министерот Веле Самак, а првиот контакт бил направен во 2013 година.

 

 

 
 
03.11.2016 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега