Штипјанец остана без килограм злато

 

Вчера вечерта меѓу 20 и 22:50 часот, засега непознато лице ја ограбил куќата на 60 годишниот штипјанец П.А.

Според информациите од МВР, кражбата се случила вчера вечерта на улицата „Карл Маркс“. Натрапникот успеал да провали во куќата и си заминал оттаму со еден килограм златен накит. Полицијата активно трага по крадецот. 

најчитано сега