Почнува јубилејната 50. струмичка ликовна колонија

Вечерва во Струмица, во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде отворена јубилејната 50. Меѓународна струмичка ликовна колонија 2013.

На отворањето ќе биде презентирана ретроспективна изложба на дела создадени во изминативе 49 години.

Во наредните 15 дена на колонијата ќе творат дваесетина уметници од земјава, како и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Италија, Полска и од Русија.

На покана од организаторот  дел од колонијата ќе бидат и доајените на македонското сликарство - Глигор Чемерски, Ана Темкова и Газанфер Бајрам, кои се учесници на оваа културна манифестација од самиот почеток. По 20. пат ќе работи и студиото за мозаик под менторство на академскиот сликар Александар Филев.

Ликовната колонија е под покровителство на Министерството за култура и Општина Струмица. Создадените дела ќе бидат изложени на 11 септември - Денот на ослободувањето на Струмица. 

најчитано сега