За три дена дури дванаесет пожари избувнале во штипско
Штипската Противпожарната единица последнава недела со полни раце работа. Високите температури и несовесноста на граѓаните им донесе на пожарникарите рекордни дванаесет интервенции за само три дена, пренесува Плусинфо.
Командирот на штипската противпожарна единица Киро Патраклиски објаснува дека најголем број од пожарите се последица на небрежноста на граѓаните, кои во овој период, без да мислат на потенцијалните опасности, ги палат стрништата на обработливите површини.
-Би сакал да упатам апел до сите граѓани што во текот на овој празничен викенд ќе заминат од градот, да ги исклучат сите апарати за домаќинство и да внимаваат доколку палат оган на отворени површини, вели Патраклиски, пренесува Плусинфо.
Надлежните велат дека противпожарните екипи во секој момент се подготвени да интервенираат, но, се надеваат дека викендот ќе помине без ниту еден пожар.