Гужва во Крушево за Илинден - бројни делегации им оддадоа почит на илинденците

Бројни делегации денеска положија свежи цвеќиња  во Крушево и им оддадоа почит на илинденците, по повод 110 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

На гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев свежи цвеќина положија и се поклонија делегацијата на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски и Сафет Незири заменик-министер за образование, претставници од Kабинетот на претседателот на државата, собраниска делегација предводена од Сузана Салиу потпретседател на Собранието, делегации од Министерството за одбрана и ГШ предводена од генерал-мајор Насер Сејдини, делегација на локалната самоуправа на Крушево предводена од градоначалникот Ѓорги Дамчевски, делегација на научно културните средби „10 дена Крушевска Република“ предводена од потпретседателот Маноли Јаковлевски и други делгации меѓу кои и партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет.  Делегациите положија свежи цвеќина и се поклонија пред споменикот на паднатите илинденци на месноста Слива.

Во спомен на илинденците и на сите крушевчани кои загинаа за време на илинденскиот период панихида се одржа во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево на која присуствуваше премиерот Никола Груевски и сите делегации кои денеска чествуваат во Крушево. Панихидата ја служеше владиката Климент во сослужение со свештенството на крушевското намесништво. 

ФОТО: МИА

најчитано сега