Богатството под рака и да го нема - крадец опустоши куќа во тетовско
Вчера вечерта во тетовското село Седларце, засега непознато лице ја опустошил куќата на 34 годишниот Б. И.
Крадецот одзел поголема количина на златен накит, околу 1 .000 евра, лаптоп „Леново„ и други вредни предмети, збогатувајќи се со околу 600.000 денари. СПоред информациите од МВР, крадецот провалил во куќата преку еден од прозорите на приземјето, ја пребарал куќата, го земал богатството и избегал.
Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот.