Викендов топло во недела најтопло - погледнете какви пеколни температури нé очекуваат за празникот

 

За претстојниот продолжен викенд времето во земјава нé очекува сончево и топло со температура до 39 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека утре ќе биде сончево и топло со температура од 29 до 37 степени.

Во сабота, исто така ќе биде сончево со температура од 30 до 38 степени.

Најтопло ќе биде в недела со температура до 39 степени.  

 

Во Скопје и околината ќе биде сончево со температура до 34 степени во петок, 35 во сабота и 37 степени во недела. 

најчитано сега