Жива ја запалиле, Македонка почина во тешки маки - полицијата згрозена од глетката

 

Жена почина откако нејзиното тело било запалено во близина на „Китино кале“ во Кичево.

Женското тело како гори го видел случаен минувач вчера околу 15:50 часот по што интервенирала Територијалната противпожарна единица во Кичево. Телото е изгаснато со апарат за гаснење на пожар, а од страна на лекар од Општината болница во Кичево е констатирано дека жената не дава знаци на живот.  

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

- Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, изјави портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

 
 
22.09.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега