Хорор во Кичево: Жена изгоре среде улица

Вчера околу 15:50 часот во Кичево на улица „29 Ноември“ во делот на „Китино кале“, случаен минувач забележал женско тело како гори.

Од страна на екипа од ТППЕ-Кичево излезено било на местото на настанот и изгаснато со апарат за гасење на пожар.

Лекар од Општа болница во Кичево констатирал дека телото било изгорено и дека не давало знаци на живот.

Увид на местото на настанот извршило Јавното обвинителство во Кичево. По негова наредба телото е предадено за обдукција.

Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
22.09.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега