Монструми од Скопје си го малтретирале детето - претепано спиело на клупа

Татко и маќеа од Скопје си заработија условна казна бидејќи го малтретирале малолетното детенце. Како што пишува Вест, деветгодишното детенце монструмите крвнички го тепале и го бркале од дома, па било приморано да седи и спие на клупа во парк.

48-годишниот Селатин Сељмани и 44-годишната Саније Зекири добија две години затвор, која нема да се изврши ако пет месеци не го повторат монструозното дело. Деветгодипното дете било удирано со клоци и тупаници, бркано од дома, а бидејќи му ја заклучувале вратата тоа спиело надвор во парк.

Во скопското училиште каде учи детето забележале модринки, па ги известиле полицијата и социјалните служби. Тоа раскажало дека ги здобило од неговиот татко. Момчето било прегледано во болница каде му откриле хематоми. 

Обвинетиот е татко на уште три деца, а мајката на шест.

 
 
22.09.2016 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега