Мотоциклист се бори за живот - тешка сообраќајка во Битола

34 годишен мотоциклист се бори за живот по страшната сообраќајна која вчера во 14:25 се случила на раскрсницата меѓу улиците Партизанска и Климент Охридски во Битола.
Според информациите кои ги соопшти полицијата, во несреќата учествувал 34 годишниот З.А. кој управувајќи мотоцикл Јамаха со бугарски регистарски ознаки се судрил со голфот управуван од 34 годишниот К.М. од Битола.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки повреди и неговата состојба е критична. Тој се бори за живот во Клиничката болница во Битола.

 
 
21.09.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега