Македонка уценувала познат светски фудбалер

Македонката Марика Томљановиќ-Kипријановски (29), за која „Дневник“ пред неколку години пишуваше дека организирала синџир елитна проституција во Хрватска, се почесто се спомнува и во аферата со уцена на познатиот хрватски фудбалер Дејан Ловрен, пишуваат тамошните медиуми.

Хрватската полиција уште истражува дали постоел обид од Ловрен да се извлечат пари за да не се објават фотографии од прељубата на неговата сопруга со неговиот пријател од детството Дарио Торбиќ. Kипријановски засега се поврзува со Анита Дражиќ, која наводно била киднапирана од Торбиќ за да не ги информира Ловренови дека им подготвува уцена, а со која разменувала СМС-пораки во врска со случајот. Освен тоа, Kипријановски му била поранешна девојка на Торбиќ и со него има дете.

Сопругата на Ловрен, Анита наводно на Дражиќ и дала 100.000 куни затоа што ја информирала за намерите на Торбиќ. Тој сакал со објавување фотографии од љубовната врска со Анита да ги принуди Ловренови да се разведат, а тој потоа да и ги земе парите на сопругата на фудбалерот, кои би ~ припаднале по разводот. Kога разбрала за намерите на љубовникот, таа му се вратила на сопругот.

Аферата изби во Велика Британија, каде што Ловрен игра за фудбалскиот клуб „Ливерпул“ кога таблоидите објавија фотографии на кои се гледаат Анита Ловрен и Торбиќ во постела. Весникот „Јутарњи лист“, пак, во петокот објави СМС-пораки што ги разменувале Дражиќ и Kипријановски, од кои е јасно дека станува збор за нечисти игри, а се спомнува полиција, објавување материјали, промени на искази…

Kипријановски е ќерка на познатиот хрватски макро Маријан Kипријановски, Македонец, кој со години живее на островот Kрк. Тој трипати е осудуван за подведување, а за што добил осум години затвор. Според поранешните обвиненија, Kипријановски организирал мрежа проституција на целата јадранска ривиера. Тој бил познат по тоа што насилнички се однесувал кон девојките, меѓу кои и малолетнички, на кои им ги одземал документите, а не им давал ниту пари. Поради таквото однесување, самите девојки го пријавувале во полицијата.

Во процесот што против Kипријановски се водел во Сплит 2006 година, заедно со него била обвинета и Марика, која тогаш била малолетничка, како и нејзината маќеа, невенчана сопруга на макрото. Марика ги наговарала девојките да работат за татко ~ за што била осудена на шестмесечен престој во воспитен дом. Престојот во домот немал ефекти, па таа во 2011 година беше обвинета за организирање синџир елитна проституција, заедно со познатиот спортски физиотерапевт Небојша Перуновиќ (61) и на подведувачката Сара Сикириќ (24), која и самата се проституирала. Тројцата беа уапсени по неколкумесечната акција на полицијата, која тајно ги снимала осомничените, како и нивните клиенти.

Обвинителството како доказ располага со снимените разговори меѓу осомничените со нивните клиенти, како и со списоците на гостите во хотелите во кои се одвивале средбите со проститутките. Девојките што работеле за Перуновиќ, но и за Kипријановски, биле од светот на модата и забавата, а и нивните муштерии биле познати бизнисмени и припадници на хрватскиот џет-сет. На Kипријановски во посебен процес ~ се судеше дека ја подведувала бодибилдерката и повеќекратна првенка во фитнес на Хрватска, Алица Цветковиќ. Цветковиќ за услугите на клиентите им наплаќала од 300 до 500 евра, а парите ги делела со Kипријановски.

Македонката се товареше и за злоупотреба на дрога, бидејќи при апсењето во нејзиниот стан биле пронајдени половина грам кокаин. Таа од почетокот ги негирала обвинувањата, тврдејќи дека не ја подведувала Цветковиќ, туку дека таа самата се проституирала. На тоа наводно била присилена оти немала друг избор за да го издржува своето тригодишно дете, откако поранешното момче ја исфрлило на улица. Kипријановски беше осудена на една година условна казна затвор.

Иво Санадар ја бараше за сведок

Медиумите за Kипријановски последен пат пишуваа во 2012 година кога поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, бараше Македонката да се појави како сведок на одбраната во судскиот процес против него во аферите „Ина-МОЛ“ и „Хипо“. Таа требаше да биде клучен сведок на одбраната, откако потпишала изјава дека нејзиниот поранешен невенчан сопруг и поранешен шеф на „Хипо лизинг“, Драго Видаковиќ, кој е сведок на обвинителството, лажно го обвинил премиерот дека зел поткуп од Хипо банка. Случајно или не, адвокатката на Санадер ~ била бранител на подведувачката Сикириќ со која Kипријановски ја организирале елитната проституција. Медимуите шпекулираа и дека Kипријановски сакала да му се одмазди на Видаковиќ, со кој имала расправии за поделбата на имотот по разводот, а за што му била подметната и бомба под автомобилот.

 

 
 
20.09.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега