Страшна сообраќајка во Македонија: Со автомобилот влетале во противпожарно возило

Во текот на вчерашниот ден, во 15 часот и 20 минути, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Форд Транзит“ управувано од 60-годишниот Ф.М. од Дебар и противпожарно возило „Даф“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од 58-годишниот А.З. од селото Форино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната В.М. од Дебар, сопатничка во возилото „Форд Транзит“, која со возило на Итна медецинска помош била пренесена во болницата во Гостивар, каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Клиниките во Скопје.  

 
 
19.09.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега