Крвава тепачка во Кавадарци - две лица тешко повредени

Вчера во 22:30 часот во Кавадарци, во близина на објекти кај „Краиште“ атар на село Трстеник, настанала тепачка помеѓу А.Д. (28) од Струмица, од една страна и М.М. (20), М.М. (22) и седумнаесетгодишник, сите од Струмица, од другата страна, во која се вклучиле и други лица.

Во тепачката со убодни рани се здобиле А.К. (42) од Струмица, на кого му била укажана лекарска помош во Јавната здраствена установа во Кавадарци и е задржан на понатамошно лекување, и Ѓ.И. (35) од Струмица, која по укажаната лекарска помош во Болницата во Кавадарци била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, а по санирање на повредите била вратена во Кавадарци.

Полициски службеници од Кавадарци излегле местото на настанот при што биле пронајдени сите инволвирани во тепачката, и биле лишени од слобода и сите се задржани во Полициската станица во Кавадарци за понатмошна постапка.

 
 
19.09.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега