Полицијата упадна во Тетово - еве што откри

Објект без фирма каде имало сомненија дека нелегално се приредувале игри на среќа бил контролиран изминатата ноќ од полицијата во рамките за откривање и законско санкционирање на ваквите активности, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

nelegalno-igri-na-sreka

Според неговите податоци контролата била спроведена изминатата ноќ во периодот од 21 до 23 часот и 30 минути во објект на улицата Илинденска во Тетово. При тоа внатре бил затекнат А.А.(21) од Тетово кој бил вработен тука. Од објектот биле одземени седум телевизори, два бар код читачи, два мали и еден голем печатач, три монитори, три мауси и четири далечински управувачи.

А.А. бил приведен во полиција и по обавениот разговор бил пуштен и по целосно расчистување на случајот против сопственикот на објектот ќе следува соодветна пријава, најави Јосифовски.

При акциските контроли на полицијата дел од нив спроведени и заедно со УЈП и пазарната инспекција во Тетовско досега годинава откриени се дваесеттина објекти во кои нелегално се приредувале игри на среќа

 
 
18.09.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега