Испратена протестна нота до грчкото МНР за тортурата врз македонските туристи

 

Денеска македонското министерство за надворешни работи му упати вербална нота на шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје, Харис Лалакос, поради зачестеното оштетување возила со македонски регистарски таблички на македонските туристи на територијата на Грција.

Исто така, со протестната нота се искажува и протест за неодамна одржаниот организиран собир на македонско-грчките гранични премини каде што имаше екстремно националистичка иконографија проследена со упатување навреди, закани и речник на омраза кон македонските граѓани.

Се очекува грчкото МНР да преземе мерки за во иднина да нема вакви инциденти.

ФОТО: Утрински

најчитано сега