СДСМ: Владата да го разгледа досието на Субрата Рој
СДСМ предупредува Владата најсериозно да го разгледа личното и бизнис досие на, како што го претставуваат, светскиот милијардер, пред да направи направи непроценлива штета за Охрид, Охридското езеро, Џумајлија и земјава, вели денеска пратеничкате Ленче Николовска.
-Сериозна Влада, во најмала рака би го проверила кредибилитетот на партнерот Рој, посебно по заканите дека може да му се заплени имот, ако не го врати долгот, вели пратеничката.
Според пратеничката од опозициската СДСМ, македонската Влада треба да го разгледа досието на Субрата Рој, за да се спречи, како што вели Николовска, неповратна штета за македонските граѓани и земјава.