Крвава физичка пресметка на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје - едно лице итно на Ургентен

Вчера  околу 00:50 часот во Скопје на булeвар „Борис Трајковски“ лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, физички го нападнале А.Б. (41) од Скопје.

 Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата.

После тоа А.Б.  си заминал, но лицата Д.И. и Д.С. почнале да го бркаат и на булевар „Борис Трајковски“ го стигнале и почнале да го удираат со раце и метален предмет, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило и исекотини на носот.

А.Б. бил однесен во Ургентен центар каде му биле констатирани телесни повреди.

 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.09.2016 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега