Маж се бори за живот на Ургентен во Скопје по пад од 3-ти кат

Вчера во 21:50 часот во Полициската станица во Кочани, П.С. (52) од Кочани пријавил дека пред неговата куќа пронашол непознато машко лице кое лежело на грб облеано во крв и кое било  повредено во пределот на главата и било неконтактибилно.

Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Медицински центар Кочани, каде му биле констатирана тешки телесни повреди ( расекотина во задниот дел од главата и крварење од ушите) и му била укажана лекарска помош, по што било пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Од извршениот увид констатирано е дека лицето најверојатно се здобило со повреди на главата при пад од неоградена тераса на куќата на пријавителот од висина од околу 3 метри, на бетонската површина во дворот.

Кај повредениот не биле пронајдени лични документи и не е утврден неговиот идентитет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 
 
10.09.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега