Запленети 150 килограми марихуана кај Велес

marihuana

Полицијата синоќа на локалниот пат Башино село – Велес во патничко возило управувано од скопјанецот С.А. пронашла  непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми.

– Синоќа околу 19:50 часот на локалниот пат Башино село – Велес, при контрола на патничко возило „Фолксваген Венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А. (38) од Скопје, полициски службеници во багажниот простор пронашле два големи куфери и три јутени торби со непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми, информираат денеска од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Пронајдените предмети, со потврда за привремено одземени предмети, се одземени и ќе бидат доставени за вештачење. С.А. е приведен во СВР Велес и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

 
 
07.09.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега