Повредени девет лица во Скопје

Image result for сообракајки

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи, од кои седум се со материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се пет возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и четири пешаци сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Вработените во МЗТ „Леарница“ АД Скопје со почеток во 12 часот ќе одржат протест во централното градско подрачје.

 

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 
 
07.09.2016 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега