Детали: Граѓаните слушнале силна експлозија, авионот се урнал во близина на Велес

Image result for авион во пламен

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.

Од страна на Алфа екипа од СВР-Скопје примена е пријава од граѓани дека забележале пожар кај с.Ветерско. Кон авионот во пламен се упатени медицински и противпожарни екипи.

Од СВР Скопје упатени се служби на овие локации.

Како што дознава Пресс24, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.

 
 
06.09.2016 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега