ЕКСКЛУЗИВНО: Авион исчезна во близина на Скопје

Image result for пајпер авион

Авион со приватен комерцијален лет од Тревизо Италија исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром, дознава Пресс24. Според информациите на Пресс24, во авионот патувале шест патници. Сигналот од радарот се изгубил во 17 часот и 20 минути на 10 километри јужно од аеродромот во правец на Велес. Авионот бил пред слетување а според планот во Скопје требало да танкира гориво. Станува збор за приватен авион од типот Пајпер со германски национални ознаки. Сеуште е вон контрола и нема информација каде се наоѓа ниту пак дали патниците се македонски државјани или странци. Екипи трагаат по леталото. Од МВР до овој момент не даваат никакви информации за Пресс24.

 
 
06.09.2016 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега