Малолетна девојка киднапирана, продавана и силувана во Гостивар

Image result for силување

Полициските инспектори од повеќе служби во Министерството од вчера започнале истрага во повеќе градови низ Македонија откако 17 годишна девојка во тетовската полиција пријавила дека од јуни досега била принудувана на сексуални односи, при што цело време била држена затворена.

Голготата на девојката започнала во јуни кога двајца непознати од нејзиното село Србиново близу Гостивар ја однеле во Тетово. Таму ја дале на засега непознат човек, кој покрај тоа што ја принудувал да има сексуални односи со луѓе од кои земал пари и ја тепал.  По некое време, од страна на тетовчанецот, малолетничката била однесена во Скопје каде друг човек наплаќал од луѓе кои имале односи со девојчето.

Последните 30-тина денови, под ваква иста принуда, 17 годишната девојка била и во Струмица каде ја одвел скопјанецот. Сепак во Струмица, според нејзиното кажување, успела  телефонски да контактира со нејзиниот татко кој дошол и ја одвел дома. 

Инаку во јуни таткото во полиција пријавил дека девојката се оддалечила од дома. 

 
 
06.09.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега