Навивачите на Шалке 04 испратија помош за настраданите во поплавата

Навивачката група на клубот од Гелзенкирхен УГЕ е збратимена со навивачката група “Комити“ и повеќе од десет години имаат одлични – братски односи. Тие не ги кријат симпатиите кон Вардар, Скопје и Македонија а за тоа сведочи инцидентот со тамошната полиција која сакаше да отстрани македонско знаме од нивната трибина но на крајот мораше да се повлече.

Ултрасите на германскиот фудбалски клуб “Шалке04” познати како #УГЕ# организирале акција за собирање на облека, постелнина, храна и други корисни предмети за погодените во катастрофалната поплава во Скопје. Во акцијата која траела неколку дена било собрано доволно помош која е распоредена во 400 пакети кои се веќе на пат кон Скопје. Транспортот го плаќаат самите тие, пишува Вечер.

Навивачите на “Шалке04“ и навивачите на “Вардар“ – “Комити“ имаат одлични односи и се т.н. збратимени групи што занчи дека си помагаат на секој можен начин, како на стадионите така и вон нив. Оваа блискост датира пред повеќе од десетина години.

1salke5

Во овој период “Комити“ десетина пати беа во Германија кадешто стои рамо до рамо со нив во дерби натпреварите и пресметките со најголемиот ривал “Борусија Дортмунд“, а и германските ултраси ја користат секоја прилика да дојдат во Скопје и да поминат барем неколку дена.

Братските односи ги потенцираат и германските ултраси кои преку кусосоопштение во јавноста ја објаснија својата постапка и порачаа дека се заедно до “Комити“ и во добро и во зло.

2SALKE5

На почетокот на август градот Скопје беше погоден од силно невреме во кое над 20 лица го загубија животот. Во поплавените подрачја ситуацијата беше катастрофална а инфраструктурата уништена. Нашите браќа “Комити“ веднаш излегоа на терен и се вклучија во расчистување на наносите. Тие со свои парисекој ден купуваа храна и вода за настраданите и со денови помагаа на погодените. Како поддршка на нашите пријатели и на луѓето погодени во Скопје, во соработка на “Шалке“, испративме 400 кутии со хуманитарна помош. Станува збор за облека, постелнина и други неопходни материјали за погодените. Се надеваме дека со оваа помош ќе допринесеме колку толку животот да се врати во нормала и ќе им помогнеме на нашите браќа “Комити“. Заедно и во најлошото – Гелзенкирхен Скопје, стои во официјалнотосоопштение на групата.

Доказ за братскиот однос меѓу германските и скопските навивачи е тешкиот инцидент кој се случи во август 2013 година за време на бараж натпреварот меѓу ” Шалке04“ и грчкиот “ПАОК“.

3salke5

На трибината на каде се УГЕ беше истакната македонското знаме а таму беа присутни барем 200 членови на навивачката група “Комити“. Официјалните лица на грчкиот фудбалски клуб реагираа и бараа знамето да биде тргнато и се заканија дека нема да го доиграат натпреварот. Откако “УГЕ“ одбија да го тргант знамето, настапи полицијата која во десетминутната жестока пресметка со навивачите во која покрај пендреци користеше и солзавец мораше да се повлече. Сликите од инцидентот го обиколија навивачкиот свет, а управата на клубот “Шалке 04“ веднаш застана зад своите навивачи.

 

 
 
02.09.2016 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега