СДСМ бара да се објави договорот за гасификација со Русија

 

СДСМ инсистира Владата да и соопшти на јавноста што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата.

- За граѓаните на Македонија не се доволни фалбите на власта дека самото потпишување на договорот чија што содржина не ја знаеме е голем успех за државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Според СДСМ, само со објавувањето на договорот „ќе се отфрлат сите сомнежи во однос на искреноста на Владата да го реализира проектот за гасификација на Македонија“.

најчитано сега