Црвениот Крст испраќа помош за настраданите во Италија

Од Црвениот крст на Република Македонија денеска оствариле контакт со италијанскиот Црвен крст и во името на волонтерите и вработените било изразено сочувство со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди централна Италија.

Како што е наведено во соопштението од Црвениот крст на РМ била понудена помош за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведувањето на спасувачките акции.

Црвениот крст на Република Македонија во наредниот период, како што се додава во сопштението, е подготвен да упати хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина наменети за помош и поддршка на настраданото население во централна Италија.

- Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да се приклучат кон оваа активност со уплата на парични средства во Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Македонија на сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 - Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: Донација за настраданите од земјотресот во Италија, почнувајќи од денеска до 09 септември годинава. Исто така, секој заинтересиран граѓанин почнувајќи од 30 авгсут до 09 септември годинава може со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 да донира 100 денари, информираат од Црвениот крст на Република Македонија. 

 
 
26.08.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега