Иванов - Александров: Македонија и НАТО одлично соработуваат
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска ја посети Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.
-За време на посетата, претседателот Иванов се сретна со полковник Александар Александров, началник на Канцеларијата за врски на НАТО. Македонскиот претседател беше информиран за активностите и работата на канцеларијата за врски, информираат од Кабинетот на претседателот.
Претседателот Иванов и полковникот Александров разговарале за нивото на соработка меѓу Република Македонија и НАТО и било оценето дека односите се на исклучително високо ниво. Особено бил истакнат придонесот што Република Македонија го дава во рамки на мировните мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан.
За време на средбата, претседателот Иванов истакнал дека Македонија останува посветена на аспирациите за членство во НАТО, за што веќе се исполнети сите објективни критериуми. Македонскиот претседател порачал дека Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес за стабилноста на регионот и пошироко, преку учество во меѓународните мирновни мисии.