Асфалтиран патот до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка

Заврши асфалтирањето на локалниот пат до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка во Пехчево, во должина од 1,5 километри,  проект вреден 8.090.512,00 денари и финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

Според информациите на градоначалникот Игор Поповски, остануваат уште некои детали за да биде официјално пуштен во употреба. 
 
– Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во Пехчево, затоа што археолошкиот локалитет и претходно бил посетуван од туристите, но сепак, пречка била инфрастуктурата и непристапноста, а сега очекуваме посетеноста да биде уште поголема, рече Поповски.
 
Тој додаде дека манастирот „Света Петка“ е подигнат во 2001 година, во дворот на археолошкиот локалитет од стариот женски манастир „Св Илија“. Ѕидините од старохристијанската базилика сведочат за животот на монахињите, а покрај остатоците од црквата, градена од камен и вар, овде има остатоци и од придружни објекти кои биле во функција на манастирското стопанство. Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево Село.
 
– За овој археолошки комплекс, знаат малкумина, бидејќи досега немаше соодветен пат, но сепак, самата локација е на 4 километри од Пехчево во предел кој е идеален за посетители. Со изградбата на инафраструктурата и одредени проекти кои ги планираме во наредна фаза, ќе ја заокружиме и оваа локација, како причина повеќе за да се посети Пехчево, рече Поповски.
 
 
25.08.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега