Пападакис: Додека Самарас е премиер спорот со Македонија нема да се реши

 

Грчкиот аналитичар Јоргос Пападакис за Канал 5 телевизија зборува нза тактиката на грчкиот премиер Самарас.

Пападакис вели дека тој е загрижен што нема реакција од грчките власти за однесувањето на златнозорците, кои ги пречекуваат македонските туристи на граничните премини со плакати дека Македонија е грчка.

 

- Да зборуваме искрено. Ниту мене ниту никој друг во Грција не не изненадува однесувањето на Златна зора. Тоа од една нацистичка, фашистичка организација од која не може да се очекува ништо помалку или повеќе. Сакам да потенцирам дека мене ме загрижува тоашто не реагираа грчките влада. Од грчкото МНР немаме никаква изјава за случајот, акциите на Златна Зора ги има, скоро секој ден се активни на границата меѓу Македонија и Грција, а грчкото министерство не реагира. Во текот на туристичата сезона Грција ги испраќа најлошите сигнали кон Македонија од каде секоја година доаѓаат скоро половина милион луѓе на одмор, вели Пападакис за Канал 5.

Според грчкиот аналитичар, одговорот кој премиерот Самарас му го испрати на македонскиот премиер Никола Груевски е показател дека додека Самарас е на чело на грчката Влада, нема да има напредок во спорот со Македонија.

 

-Не би сакал така да кажам. Секогаш сакам да зборувам со факти, а факт е дека пред неколку дена во јавност го гледавме одговорот на грчкиот премиер Самарас на писмото од македонскиот премиер со кое Груевски го кани на средба за формирање на група експерти за да се дојде до напредување за грчко-македонското прашање. Во писмото е јасно дека Грција не сака да го реши спорот и нема да има напредок додека Самарас е на кормилото на Владата. Тој пред четири години како министер во Владата на Караманлис јасно и јавно велеше дека Грција не треба да го решава спорот, зашто Македонија ќе се распадне сама од себе. Го имаме тој став од пред четири години, го имаме писмото од пред некое време, вели Пападакис за телевизијата.

Тој за Канал 5 вели дека Меморандумот од минатата година беше само уште еден обид на грчката страна да ја обвини Македонија за неконструктивност.

- Мислам дека единствениот аргумент е т.н. Меморандум од минатата година, ако може да се каже дека тоа беше некаква идеја на Грција за да се стигне до решение. Но сите знаеме дека тој Меморандум всушност беше диктат на Грција врз Македонија, односно што сака Грција да стои во решението. Со таа карта ќе се игра во меѓународната заедница и на средбата со Обама. Но сите знаат дека тоа не беше нешто суштинско туку само уште една идеја да се покаже дека во спорот Македонија не конструктивна, а не Грција.

најчитано сега