Вонредна временска прогноза на УХМР: Попладнево невреме во Скопје

Денес од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлинa, најавуваат од УХМР.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови

 

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 
 
19.08.2016 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега