Помош пристига од сите страни за поплавените: Словачка и Холандија ќе ги врачат донациите

Пристига помош од сите страни за Македонија. Донациите од Република Словачка и Република Холандија за настраданите во поплавите денеска ќе пристигнат во Дирекцијата за заштита и спасување, а на примопредавањето ќе присуствуваат претставници од амбасадите и претставници од Владата на Република Македонија, додека настанот ќе се одвива во касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром.

Во Република Македонија досега преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија. 

 
 
19.08.2016 - 08:13
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега