Полицаец крвнички претепан среде улица во Битола

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 45 минути во СВР Битола, Началникот на ОКТУПА при СВР-Битола пријавил дека истиот ден околу 14  часот додека извршувал службено дејствие на улицата „Ѓорги Сугарев“, го паркирал службеното возило „Цитроен Берлинго“. Две непознати лица, од кои претходно бил блокиран патот со машина за сечење огревни дрва, ја ослободиле улицата и се упатиле кон службеното возило, но бидејќи не можеле да поминат почнале да викаат и да го навредуваат со погрдни зборови.  Едно од лицата со употреба на сила, со раце го удрил во пределот на главата. Подоцна дошол и неговиот татко кој, исто така, со раце го удрил полицискиот службеник во пределот на главата, нанесувајќи му телесни кои се констатирани од страна на доктор од  Клиничка болница Битола.

Полициски службеници ги лишиле од слобода и задржале  во полициска станица 42-годишниот А.Ј. и 19-годишниот Џ.Ј. од Битола.

Против истите ќе биде поднесена кривична пријава.

 
 
05.08.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега