Работилници, уметност и забава - завршува „ДримОн“

Дебати, изложби, музички настани, перформанси, филмови, работилници од областа на културата и уметноста беа дел од 4. издание на фестивалот за процесирање култура „ДримОн“ што од 27 јули до денеска се одржува во Струга под мотото „Крени уши“.

Фестиваслот е во организација на Здружението на млади уметници „Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА“, а целта е да обезбеди слободен влез за публиката во реалните достигнувања на современата уметност, промоција на независниот филм, литература, театарската и музичката сцена и поттикнување на културниот активизам.

Секој од петте фестивалски денови имаше своја тема меѓу кои беа „Фешта во фацата на хипокризијата“, „Све(с)т во транзит“, „Сираци на татковината“,  „IN ABSENTIA“ и „Колку е часот“.

Посетителите имаа можност да ги погледнат изложбите „Вечното враќање“ на Оливер Маринковски, „Прошетка низ наративните линии“ на Ангел Миов и „Оставете ги да зборуваат“ на Сабина Гузик, а забава нудеа и повеќе музички групи и диџеи.

 
 
31.07.2016 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега