Турист од Австралија повреден со ловна пушка во Македонија

 

Вчера нешто пред 18 часот во Брзата Помош во Демир Хисар бил примен 19-годишниот А.Д. инаку австралиски државјанин кој привремено бил на одмор во Смилево, со откинат дел од малиот прст на левата рака.

Младото момче со повредата се здобило од ловна пушка, сопственост на Д.Д. кој ја поседува со дозвола но моментално е на привремена работа во Австралија.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

најчитано сега