Дневник: Ахмети нема храброст да и се извини на Македонија за конфликтот во 2001
Македонската јавност очекува лидерот на ДУИ и поранешен командант на ОНА да и се извини на македонската јавност за жртвите во конфликтот во 2001 и да и објасни, дали тоа беше војна за човекови права или пак за територии, пишува Дневник во најновиот број. Весникот пишува дека голема е веројатноста Ахмети никогаш да не им се извини на Македонците. Од неговиот кабинет за дневник велат дека наместо Ахмети да се извинува, земјава треба да му оддаде признание за неговите визионерски ставови втемелени во Рамковниот договор.
-Токму тој договор денес служи како пример за решавање на жаришта во целиот регион и пошироко. Затоа на Ахмети му должат големо признание. Обидот да се изедначи српскиот геноцид во соседните држави со визионерството на Ахмети за својата држава е апсолутно тенденциозен и говори за предрасудите кај дел од македонските новинари и за недостигот од храброст да се прифати реалноста и да се гради еднаквост - вели Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети, на прашањето на Дневник, дали лидерот на ДУИ ќе се извини за 2001 година и за жртвите од конфликтот
Весникот потсетува дека неодамна српскиот претседател Николиќ кој важеше за радикален политчар им се извинил на Босанците за злосторствата во Сребреница