ЕКСКЛУЗИВНО: Големо апсење во Тетово - рација во повеќе тетовски локали

 

Голема полициска акција во моментов се одвива во Тетово, ексклузивно дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, полицијата вечерва влегла во повеќе ноќни клубови во градот. На лице место затекнала 5 српски државјанки кои работеле во локалите. Сомнежите се дека станува збор за проситутки или пак стриптизети. До нив, според нашите извори биле пронајдени и кутии за бакшиш. Покрај девојките, приведени се уште три лица кои на Србинките им обезбедувале престој во Тетово. Нашите извори велат дека имале специјални станови за тоа. Девојките работеле во ноќните клубови Бабилон и Динамика. Во земјава влегле легално и имаат уреден престој.
Од МВР ја потврдуваат информацијата, но не откриваат детали бидјеќи како што велат акцијата се уште трае. Не се знае ниту со какви пријави ќе се соочат осомничените. Од МВР велат дека повеќе информации ќе соопштат утре

28.07.2013 - 01:33

најчитано сега