Љубе Бошкоски стана Џорџ Клуни

 

"Еве судија, и Џорџ Клуни пристигна. Колку убаво, си­те мене ме чекате. Еве, јас сум глумецот Џорџ Клуни. Знаете, судија, до­де­ка бев министер за внатрешни работи многу луѓе ми велеа дека личам на Клу­ни, а сега никој не ми дава комплименти за мојата убавина" Со овие зборови екс министерот за внатрешни работи и обвинет во случајот Ровер, Љубе Бошковски денеска влегол во судницата, откако поради доцење на затворската служба од Идризово, стартот на судењето донцело подолго време, јавува Вест. Како што пишува весникот, Бошковски кога влегол во судницата, насмеан и расположен рекол дека е Џорџ Клуни.
Судењето, како што пишува весникот сепак било одложено бидејќи еден од адвокатите го известил судот дека неговиот клиент е болен и дека подолг период нема да може да се јавува на рочишта.
Бошковски заедно со уште 14 лица е обвинет за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година

најчитано сега