Тешка ноќ за битолчанец: Му ги собрале парите од под кревет
Непознат сторител одзел 23.000 австралиски долари од под кревет во куќа во Битола. Случајот вчера го пријавил 57-годишниот К.К.
Кражбата се случила во куќата на неговиот татко, во период меѓу 1-ви и 16 јули.
- Вчера во 10 часот и 15 минути во Полицијата во Битола, К.К. од Битола пријавил дека во периодот од 1 до 16 јули од страна на непознат сторител е извршена кражба во куќата на неговиот татко, при што од под креветот од акт ташна одземени му се 23.000 австралиски долари, соопшти МВР.
Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
17.07.2016 - 12:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа