Изгубил контрола и се превртел: Пијан малолетник направи хаос во Куманово

Во 22 часот и 15 минути во Ново Село-Куманово, на регионалниот пат Скопје-село Никуштак во близина на „Икина викендица“, се случила сообраќајна незгода во која 16 годишен малолетник од селото Љубодраг  управувајќи возило „Ауди А-4 Авант“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.А. од Скопје, изгубил контрола над истото, при што излетал надвор од патот и се превртел.

По незгодата, сопатникот од возилото, инаку лице на возраст од 14 години од Словенија, е итно пренесено во Ургентен центар во  Куманово и констатирани му се повреди на череп, опасни по живот и по укажана лекарска помош како итен случај е упатен во Ургентен центар во Скопје.

Увид на местото на настанот е извршен од екипа при полицијата.

Од малолетниот возач е земена крв за анализа, и констатирано е присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.

 
 
17.07.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега