Страотна сообраќајка во Радовиш: Осумгодишно дете целото крваво пренесено на Ургентен

Во 11 часот и 45 минути на регионалниот пат Р-29471, во селото Подареш-Радовиш, пред куќата на Т.Н. се случила сообраќајна незгода во која 28-годишниот В.Н. од селото управувајќи возило „Форд Галакси“ со времени регистарски ознаки, удрил во велосипед „Хамер макс“ управуван од дете на возраст од 8 години.

Во незгодата детето се здобило со фрактура на череп, крварење од десно уво и повреда на десно белодробно крило и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во Ургентниот во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полицијата.

 
 
17.07.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега