Викенд полн трагедии: Беровчанец почина во ужасни маки

Викенд полн со трагедии во Македонија. Во 01 часот и 25 минути во полицијата во Берово, пријавено било дека во атар на селото Двориште на местото „Кривио габер“, бил пронајден починат 44-годишниот В.Р. од Двориште.

Имено, според податоците на полицијата, на 15 месецов во 18 часот, В.Р. управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва, од непознати причини изгубил контрола над тракторот и излетал покрај патот, по што паднал и со главата удрил во тврд предмет, по што починал на местото на настанот.

Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 
 
17.07.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега