Страшна сообраќајка во Македонија: Три лица загинаа - едно се бори за живот

Три лица ги загубија животите, а едно е повредено вечерва во судар на два автомобила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Заради увидот кој започнал во 19:30 часот, сообраќајот на овој магистрален правец е во прекин.

Според информациите од СВР Тетово, тешката сообраќајна несреќа се случила на околу еден километар од влезот во Гостивар. Од првичните сознанија, „опел-астра“ со кичевски регистерски ознаки кој се движел од Кичево се судрил со „мерцедес“ со странски таблички, кој доаѓал од спротивен правец.

 

Од силината на ударот загинале сопатниците во опелот - две жени и еден маж. Возачот, бил пренесен во гостиварската болница каде му е пружена медицинска помош и се наоѓа надвор од животна опасност. Возачот на мерцедесот, поминал со полесни повреди и ќе биде задржан во полициска станица.

Идентитетот на настраданите и повредените, треба да ги соопшти јавен обвинител по увидот кој отпочна пред еден час. Заради прекинот во сообраќајот, кај ресторанот Панорама, од двете страни се создадени колони од возила. Нормализирањето на сообраќјот се очекува по завршување на увидот, велат полициски извори.

 
 
16.07.2016 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега