Драма во скопско Волково: Се обидел да изгаси пожар - ќе завршело фатално

Страотна несреќа која можело да заврши фатално се случила синоќа во Волково. Според податоците од македонската полиција, во 11 часот и 37 минути било пријавено дека во населбата Стопански двор во Волково, во непосредна близина на обиколницата, имало опожарена сува трева, при што некој од жителите се обидел да го изгасне пожарот кој беснеел и при тоа се здобил со изгореници по нозете.

Од страна на полицискиски службеници било констатирано дека настанал пожар и била зафатена сува трева околу 1000 м/2, при што 80-годишниот Л.А. се обидел да ги спречи пламените јазици, но за жал се здобил со изгореници по нозете.

Старецот бил пренесен во Градската општа болница Наум Охридски, каде што му се констатирани изгореници на стапалата, и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.

Пожарот бил целосно локализиран од страна на екипа од Пожарната.

 
 
16.07.2016 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега