Страшна железничка несреќа во Македонија - едно лице загина

Страшна железничка несреќа ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден во 18 часот на делот од пругата помеѓу Железничката станица во село Дуброво и Железничката станца во Демир Капија, на отворена пруга на 500 метри на вториот влезен сигнал на патниот премин, се случила железничка несреќа помеѓу патничкиот воз бр.634 кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, сопственост на Македонски Железници и автомобил Рено Канго.

Со возот управувал машиновозачот Р.С. додека со возилото управувал 44-годишниот З.А. од селото Прждево – Демир Капија, кој од здобиените тешки телесни повреди починал на лице место.

Сообраќајот бил во прекин на тој дел од пругата до 23 часот и 10 минути.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Неготино.

 
 
16.07.2016 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега